ВИДЕО: Евакуирани илјадници луѓе поради невремето во Калифорнија, меѓу нив се принцот Хари и Меган

 

 

Последната во серијата разорни бури, во кои загинаа најмалку 12 луѓе, вчера ја погоди Калифорнија принудувајќи евакуација на речиси 25.000 луѓе, вклучувајќи ги и целиот град Монтесито и блиските крајбрежни области на Санта Барбара, поради зголемениот ризик од поплави и лизгање на земјиштето, пренесува „Ројтерс“.

Шерифот на округот Санта Барбара, Бил Браун, рече дека наредбата за евакуација се заснова на постојано обилни врнежи, без индикации дека тие се менуваат пред вечерта.

Шефот на пожарникарите во Монтесито, Кевин Тејлор, изјави дека за 12 часа наврнало дожд значително повеќе од очекуваното.

Речиси 9.000 жители на Монтесито, од кои многумина поседуваат раскошни вили во живописниот град, вклучуваат познати личности, како водителката Опра Винфри и британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган, објави „Ројтерс“.

По должината на брегот издадени се наредби за евакуација на приближно 32.000 луѓе во округот Санта Круз поради надојдените реки и потоци.

Голем дел од Калифорнија е погоден од серија силно невреме со многу силен дожд, силен ветер и налети.

Американскиот претседател Џозеф Бајден го одобри прогласувањето на вонредна состојба во Калифорнија по невремето во кое загинаа најмалку 12 лица во изминатите 10 дена, а стотици илјади домови и бизниси оставија без струја.

 

 
10.01.2023 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега