Караванот на СДСМ во Крива Паланка

 

СДСМ денеска ги промовира мерките во Крива Паланка.

Денес ги промовираме предлог мерките од програмата на СДСМ во Крива Паланка.

 Како најгорливи проблеми кои ги мачат граѓаните на Крива Паланка и на овој заборавен регион од страна на власта се невработеноста, иселувањето на младите и тешката социо-економска состојба.

 

 Основните столбови на кои се базира нашата програма, враќањето на средната класа, подобрување на животот на граѓаните, вложувањето во иднината а не во минатото ќе ги презентираме пред граѓаните на Крива Паланка преку една јавна дебата, и отворен разговор.

 

 Ќе ги слушнеме и нивните предлози и мислења, пред се за оние теми што се значајни и неопходни за развој на овој регион. Затоа што ние како СДСМ убедени сме дека граѓаните најдобро знаат што ги мачи и како нашите мерки заедно да ги подобриме.

 

 Еден од клучните проблеми и во Македонија и во Крива Паланка е невработеноста. Младите луѓе не можат да дојдат до работа, што резултира со нивно ислеување од државата. Македонија во последните неколку години ја имаат напуштено околу 230 илјади млади луѓе. Ние сме цврсто решени да ја подобриме бизнис климата, да ги изедначиме домашните и странските инвеститори. Владата на СДСМ планира да вложува во бизнис инкубатори за отварање на мали и средни претпријатија, се со цел да може секој млад човек да го искористи стекнатото знаење и да обезбеди егзистенција во Македонија, наместо некаде надвор.

  и нашите мерки во делот на инфраструктурата и земјоделието.

 Покрај правичната и навремена исплата на субвенциите, една од клучните мерки на СДСМ ќе биде бенифицираниот стаж за земјоделците. Исто така, земјиштето да биде во рацете на вистинските земјоделци, субвенциите да ги примаат вистинските земјоделци. Ќе воведеме мерка за зелена нафта и многу други мерки кои ќе допринесат за развој на земјоделието.

 Казните ќе ги намалиме за 50%, а ќе воведеме и мерка за опомена пред казна.

 Очекувам дека програмата на СДСМ ќе биде препознаена од народот, дека ќе го привлечеме вниманието на граѓаните на РМ и посебно на Крива Паланка, и оваа програма ќе биде основа за идната владина програма на СДСМ за напредна, просперитетна и демократска Република Македонија.

 

 

06.12.2013 - 16:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега