Расте скандалот со тендерите во земјеството Заеви

 
Не само општина Струмица, туку и струмичкото јавно претпријатие „Комуналец“ потпишувалo договори и исплаќалo големи суми на фирмата „Сара јавор Инжинеринг“ во која подоцна станал сопственик Вице Заев,  брат на струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ, Зоран Заев, јавува Нетпрес.
 
Документи од Бирото за јавни набавки откриваат дека фирмата „Сара јавор инжинеринг“ направила две зделки со „Комуналец“ во вкупна вредност од над 700 илјади денари. 
 
Она што е интересно е дека претпријатието наместо да објави еден оглас за набавка и превоз на сепариран  песок, тоа објавило два огласи делејќи ја јавната набавка на еднакви вредност од 354 илјади денари. Ова било сторено со единствена цел да не се објавува тендер и да може набавката директно да и’ биде доделена на фирмата „Сара јавор инжинеринг“. 
 
Во моментот на потпишување на договорите во мај 2011 година, фирмата е сопственост на Горан и Симеон Крстев. Познато е дека Горан Крстев е близок соработник и косопственик на Вице Заев во две фирми „Дравас Инжинеринг“ и „Сара Инжинеринг“. 
 
Најверојатно, откако тргнал бизнисот и со „Сара јавор инжинеринг“ и добивањето договори од струмичките јавни претпријатија и општина Струмица, Вице Заев решил да стане дел и од оваа фирма. Така во јули годинава, на местото на Симеон Крстев како сопственици на „Сара јавор инжинеринг“ се запишуваат Вице Заев и Митко Љочев.
 
Пред повеќе од еден месец беше обелоденето дека општина Струмица во 2011 година склучила договор со „Сара јавор инжинеринг“ во вредност од 348 илјади денари за тампонирање на паркинг простор пред Градската капела во Струмица.
Кликни за поголема верзија
06.12.2013 - 13:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега