Ужас на последниот ден од годината: Над 60 лица загинаа во зимското невреме во САД
Повеќе од 60 луѓе досега загинаа во силната зимска бура што ги зафати САД, јави Би-Би-Си.
Повеќето од жртвите се во округот Ири во државата Њујорк, каде се наоѓа вториот по големина град во државата Бафало. Во тек е идентификација на десетици жртви кои ги загубија животите во зимското невреме во САД.
Жртвите биле пронајдени во нивните автомобили или на студениот тротоар, па дури и во нивните домови.
31.12.2022 - 15:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа