Ѕинго: Македонци стојат зад атентатот на Глигоров

 

Ки­ро Гли­го­ров се за­поз­нав ка­ко сту­дент во Бел­град и вед­наш вос­по­ста­вив при­ја­тел­ски од­но­си. Тој бе­ше на раз­ни функ­ции во ор­га­ни­те на фе­де­ра­ци­јата и бе­ше мно­гу це­нет ка­ко по­ли­ти­чар и струч­њак. Ти­то има­ше сил­на до­вер­ба во не­го и со не­го­ва под­др­шка бе­ше на мно­гу ви­со­ки функ­ции ка­ко што е пре­тсе­да­тел на ју­гос­ло­вен­ски­от пар­ла­мент, ми­ни­стер за фи­нан­сии, од­го­во­рен по еко­ном­ски пра­ша­ња во ЦК на СКЈ, вели во интервју за неделникот Република, Љубисав Иванов- Ѕинго.

-Тој не бе­ше во до­бри од­но­си со Ко­ли­шев­ски, иа­ко и со двај­ца­та бев при­ја­тел ни­ко­гаш не сум се ин­те­ре­си­рал за нив­ни­те од­но­си, ни­ту, пак, тие по­ка­жу­ва­ле не­за­до­волс­тво што со двај­ца­та одр­жу­вам бли­ски при­ја­тел­ски од­но­си и пред ме­не не збо­ру­ваа еден за друг. По­доц­на, ко­га го поч­нав раз­во­јот на ком­па­ни­ја­та„Си­лекс",че­сто одев во Бел­град кај Ки­ро Гли­го­ров за да раз­ме­нам мис­ле­ња, а и да доз­на­ам од пр­ва ра­ка ка­ква еко­ном­ска по­ли­ти­ка ќе се во­ди во Ју­гос­ла­ви­ја. Тој се­ко­гаш ко­га ќе дој­де­ше во Ма­ке­до­ни­ја до­а­ѓа­ше во при­ват­на по­се­та во Кра­то­во и тие сред­би беа ср­деч­ни и ко­рис­ни. Ко­га дој­де до рас­пад на Ју­гос­ла­ви­ја со не­го, на не­го­во ба­ра­ње, се срет­нав во Охрид, во хо­те­лот„Си­лекс", и еден цел ден по­све­тив­ме на пра­ша­ње­то што по­тоа и во ка­ква со­стој­ба ќе се нај­де на­ша­та ре­пуб­ли­ка. То­гаш го за­мо­лив и му ка­жав де­ка во тие не­из­вес­ни и крај­но не­пред­вид­ли­ви на­ста­ни од го­ле­ма ко­рист ќе би­де не­го­во комп­лет­но ан­га­жи­ра­ње ка­ко иску­сен и до­ка­жан чо­век и по­ли­ти­чар во соз­да­ва­ње на не­за­вис­на и су­ве­ре­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Јас во гра­ни­ци­те на мо­и­те мож­но­сти упор­но ра­бо­тев и ло­би­рав тој да за­ста­не наче­ло на др­жа­ва­та. На­ста­ни­те дра­ма­тич­но се од­ви­ваа, се за­ка­ну­ва­ше опас­ност, и тоа се­ри­оз­на, и во Ма­ке­до­ни­ја да из­бе­га­ат од кон­тро­ла. Во тој мо­мент не­мав­ме по­по­вол­на лич­ност од не­го,со уг­лед, зна­е­ње, ве­шти­на и искус­тво.Ка­ко што е поз­на­то, во пар­ла­мен­тот не бе­ше из­бран во пр­ви­от круг, а јас бев пре­тсе­да­тел на из­бор­на­та ко­ми­си­ја и то­гаш, пред си­те пра­те­ни­ци и пред це­ла­та ма­ке­дон­ска јав­ност, со­оп­шту­вај­ќи го не­ус­пеш­ни­от из­бор, ја ка­жав поз­на­та­та ре­че­ни­ца: „А се­га гос­под не­ка ти по­мог­не". Та­кво не­од­го­вор­но од­не­су­ва­ње на дел од пра­те­ни­ци­те пре­диз­ви­ка си­лен ре­волт во јав­но­ста и во вто­ри­от круг, со одре­де­ни ком­про­ми­си, ка­кви што зна­е­ше да на­пра­ви, Гли­го­ров бе­ше из­бран со огром­но мно­зинс­тво, вели Ѕинго за Република.

Понатаму додава:

-Де­нес, од оваа ди­стан­ца, сме­там де­ка тоа бе­ше нај­до­бро­то ре­ше­ние, во спро­тив­но ќе има­ше вој­на со страш­ни пос­ле­ди­ци. Тој во нај­кри­тич­ни­те мо­мен­ти зна­е­ше да пов­ле­че ви­стин­ски по­те­зи. Јас во кон­ти­ну­и­тет одр­жу­вав до­бри од­но­си со не­го и че­сто се сре­ќа­вав и зна­е­ше да се кон­сул­ти­ра за мно­гупра­ша­ња од еко­ном­ска­та сфе­ра, осо­бе­но во по­че­то­кот, но по­доц­на, по­ра­ди пре­ан­га­жи­ра­ност, а и со не­ми­ли­от на­стан – атен­та­тот, сѐ по­мал­ку има­ше вре­ме за сред­би, но до не­го­ва­та смрт одр­жу­вав­ме ко­рект­ни и при­ја­тел­ски од­но­си. Тој бе­ше че­сен чо­век, ја са­ка­ше Ма­ке­до­ни­ја, но, спо­ред ме­не, бе­ше оп­кру­жен со по­греш­ни лу­ѓе, осо­бе­но од уни­вер­зи­тет­ска­та фе­ла и бе­ше по­треб­но мал­ку за да го за­гу­би жи­во­тот.

Што мисли за атентатот над Киро Глигоров, како и за неговите средби со Тито и Лазар Колишевски, за името и предизвиците во животот прочитајте во најновиот број на неделникот Република, што од денеска, 6 декември е во продажба

 

 

06.12.2013 - 13:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега