Груевски: Македонија има најниски трошоци за правење бизнис во Европа
За време на денешниот Бизнис-форум во Скопје, премиерот Никола Груевски пред присутните истакна дека Македонија нуди одлични можности за инвестирање, конкурентна е и не само според ниските трошоци, туку и според образованата работна сила.
- Македонија има најниски трошоци за правење бизнис. Нема ниту една друга држава со такви ниски трошоци во Европа, рече премиерот Груевски, потенцирајќи дека во изминатите години Македонија многу напредуваше во однос на подобрувањето на бизнис-климата, преземајќи повеќе мерки и реформи кои резултираа со привлекување странски инвеститори.
Според министерот задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлевски, бизнис-форумот е одлична можност да се претстават предностите за инвестирање во Македонија, аод друга страна, според Микеле Орзан, претседател на Европската стопанска комора на Централна и Источна Европа, Македонија има одлични инвестициски можности и е држава која има најдобри реформи во бизнис-областа, како и добра заштита на инвеститорите.
Бизнис-форумот е во организација на Кабинетот на Бил Павлески и Европската стопанска комора на Централна и Источна Европа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа