Пешевски: Странските инвестиции создадоа над 20.000 работни места
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа трибина во Дебар, на која беа презентирани сите мерки кои ги превзема Владата со цел подобрување на животот на граѓаните.
- Иако во Европа и светот владееше должничка криза ние го задржавме стабилен курсот на денарот, задолжувањето е на ниво од 33,3 отсто од БДП, а девизните резерви се над две милијарди евра. Според нашите проценки, над 20.000 работни места се создадени благодарение на странските директни инвестиции, изјави синоќа на трибината, Владимир Пешевски.
Исто така, вчера на трибината се обрати и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за труд и социјална политика Диме Спасов, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостпанство, Љупчо Димовски.
Министерот Јанакиески се задржа на изградбата на стотици локални и регионални патишта во изминатите четири години, за проектите кои се во тек, како и за изградбата на автопатите Скопје-Штип и Кичево-Охрид кои ќе почнат со реализација во првиот квартал од идната година. Во однос на легализацијата на дивоградбите тој упати апел до жителите на Дебар да ја забрзаат постапката со подготвка на елаборатите за кои Владата има дадено дополнителни олеснувања.
- Беа поднесени 363 илјади барања за легализација на дивоградби, а досега се легализирани над 60 илјади. Апелирам до вас и до сите граѓани да го исползуваат рокот до јуни наредната година за да ги легализирате дивоградби, рече Јанакиески.
Министрите Спасов и Димовски зборуваа за подобрувањето на правата на социјално ранливите групи, како и поволностите кои се нудат за развој на земјоделството во земјава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа