ЦУК го најде телото на удавениот човек кој вчера скокна од мостот Близнак во водите на р.Вардар
Согласно дојавата од граѓани на 112 во ЦУК и координација на ЦУК со МВР и со Брза помош, попладнево е пронајдено лице, кое е најверојатно тоа коешто си го одзеде животот вчера, фрлајќи се од мостот ,,Близнак" на Бул. ,,Србија" во р. Вардар, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Удавениот човек е лоциран на околу два километра низводно од истоимениот мост. Телото на давеникот е извлечено од тимот на МВР и понатаму ќе се постапува согласно процедурите за вакви случаи и дополнително ќе следи идентификација и потврда на случајот. За дополнителни информации или детали ќе ве известиме согласно добиените информации“, велат од ЦУК.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа