По лицето кое вчера скокна во р.Вардар трагаат само специјалци на МВР

 

 

По лицето кое вчера скокна од мостот Близнак на бул.Србија во р.Вардар трагаат само специјалци на МВР, информираат од Центарот за управување со кризи за Прес24.

„По направената координација од страна на ЦУК со МВР, ДЗС, Локални самоуправи Гази Баба, Аеродром и Град Скопје, како и Црвен крст, денеска се врши потрага низводно по течението на Вардар во ширина на пресекот на стрјата на речното корито исклучиво од страна на специјализираните единици на МВР, со чамец, заради тоа што густата крајбрежна вегетација  не дозволува и ја отежнува визуелната потрага од двете страни на речното корито и затоа тимовите на Црвениот крст и ДЗС денеска не учествуваат во потрагата“, велат од ЦУК.

Ако лицето и денеска не се пронајде е планирано утре да се вклучи еден тим од ДЗС, специјализиран за вакви потраги и акции на вода, во пребарување на течението на реката Вардар, од с. Таор кон Велес, се додава во нивното соопштение.

12.12.2022 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега