Џафери: Да се постигне договор меѓу Србија и Косово

 

Да се постигне договор меѓу Косово и Србија порача Претседателот на Собранието Талат Џафери на средбата со косовскиот спикер Глаук Коњуфца

Во однос на дијалогот Приштина - Белград, нашиот став е ист како и претходно, целосна поддршка до постигнување на конечен договор, прифатлив за двете страни, договор со кој ќе се гарантира мирот, стабилноста, безбедноста и напредокот на двете земји и на целиот регион. Се разбира, постигнатиот договор за регистарските таблички со посредство на ЕУ е акт кој што влијае на намалувањето на тензиите на северот на Косово и е позитивен знак и поттик за продолжуввање на преговорите се до нормализирање на односите меѓу двете земји. Во контекст на економската соработка како дополнителен поттик на понатамошниот напредок на билатералните односи, го поддржуваме целосно.  “ – рече Џафери

 

12.12.2022 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега