Петровска се прости со германската амбасадорка - погледнете што и подари министерката на Холштајн
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска имаше проштална средба со германската амбасадорка Анке Холштајн.
– Сојузна Република Германија секогаш била искрен пријател, силен поддржувач на евроинтеграциите на Северна Македонија, и особено важен сојузник во поглед на остварувањето на стратешките цели, напиша на нејзиниот фејсбук профил Петровска.
Таа објави дека како НАТО партнери, имаме одлична одбранбена соработка, а со својата долгогодишна поддршка за обука и едукација, Германија има многу вложено во човечкиот потенцијал на Армијата.
– Благодарност до амбасадорката Холштајн за успешната соработка за време на нејзиниот маднат – посакувам многу успеси во идните ангажмани и кариера, напиша министерката Петровска.
Министерката Петровска и даде и поклон на германската амбасадорка, станува збор за изгравиран кристал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа