Дојава за бомба во Министерството за надворешни работи - се евакуираат сите вработени
Дојава за бомба тукушто пристигнала во зградата на МНР, сите вработени се евакуираат.
„Информираме дека до Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи. Министерството веднаш ги извести соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана. Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа“, се вели во соопштението на МНР испратено до медиумите.
12.12.2022 - 09:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа