Се огласи Османи: Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи

 

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Република Косово. Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

– Отстранувањето на сите барикади и воспоставувањето правна држава е императив. Охрабруваме сеопфатно решение во согласност со посредување, пишува во статусот на министерот Османи. 

11.12.2022 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега