ЦУК: Утрово едно лице се фрли во водите на реката Вардар

 

На ден 11.12.2022 година во 06:00 часот на 112 во Центарот за управување со кризи е добиено известување дека непознато лице од Мостот Близнак на Булевар Србија се фе+рлило во речното корито во надојдените води на реката Вардар, информираат пред малку од Центарот за управување со кризи.

На лице место се излезени екипи од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје како и екипи на МВР и истите преку Центарот за управување со кризи побараа подршка и ангажирање на спецализираните тимови за претрага во води од Дирекцијата за заштита и спасување.

При кординативната постапка од Центарот за управување со кризи ова барање е проследено до ДЗС за превземање на мерки и активности во нивната надлежност, со цел да се пронајде лицето, стои во соопштението на ЦУК испратено до медиумите.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

11.12.2022 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега