Тренчевска: Да се охрабрат децата и родителите и да пријавуваат насилство во училиштата

 

Треба да се охрабрат децата и родителите да пријавуваат секакво насилство во училиштата од врсници. Министерството за труд и социјална политика преку центрите за социјална работа реагира веднаш по добиена пријава, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Во одговор на новинарско прашање за зачестеното врсничко насилство во училиштата министерката Тренчевска денеска во Струмица изјави дека претставници од центрите излегуваат на терен, разговараат со стручната служба, со децата, со родителите и ги преземаат сите мерки согласно законот.

Во сите случаи кадешто е утврдено дека насилството од врсници навистина е сторено се земаат мерки согласно Законот за малолетници, односно за правата на децата според кој се изрекуваат согласно Законот за малолетничка правда, преку кој се изрекуваат воспитни мерки за сите оние деца коишто вршат насилство врз своите врсници, вели Тренчевска.

10.12.2022 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега