МВР: Утрово дојави за бомби на 12 локации

 

Вистински хаос се случува утрово во Скопје, откако во рок од два часа пристигнаа дојави за бомби во повеќе објекти. 

Првенствено, првите дојави за бомби пристигнале на адреси на седум средни училишта во Скопје. Се евакуираа учениците од училиштата Владо Тасевски, Корчагин, Јосп Броз Тито, Орце Николов, Никола Карев, Михајло Пупин. Во моментов полициските службеници ги проверуваат просториите на истите.

„Денеска (09.12.2022) околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, информираат од МВР за Прес24.

Но неколку минути потоа, голема паника меѓу граѓаните е создаденa откако е пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во други објекти низ Скопје.

И тоа во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатрон и ПС Центар.

„Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за Прес24.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот. 

Инаку, во претходните наврати беше утврдено дека дојавите за бомби во училиштата во Скопје, како и НРБМ се лажни.

09.12.2022 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега