Никој не е повреден, оштетени се четири банкомати
Утрово во вооружен грабеж се обиени банкоматите пред Point Retail Park со користење за нас непознати средства. За време на настанот обезбедувањето постапило според процедурите и претходно дадените упатства, кои се применуваат во вакви случаеви. Никој од вработените не е повреден, ниту за време на настанот имало надворешни клиенти на трговскиот центар, се вели во соопштението од компанијата Point Retail Park.
„Банкоматите се во сопственост на 4 деловни банки сместени во метален објект во сопственост на Point Retail Park и истиот е разнесен, а причинета е материјална штета. Безбедносните камери јасно ги лоцираат ограбувачите и очекуваме брзо разрешување на овој немил настан. Благодариме на службите на МВР и ЈО кои веднаш излегоа на местото на настанот и преземаа професионални оперативни мерки за откривање на сторителот на овој немил настан. Ја известуваме јавноста дека Point Retail Park продолжува со редовна и непречена работа. Благодариме на медиумите кои известија професионално за настанот“, наведуваат од компанијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа