Одложен изборот на директор на Академијата за судии и јавни обвинители, пристигнала уште една пријава

 

Точката за избор на директор на Академијата за судии и јавни обвинители, Управниот одбор ја тргна од дневен ред на денешната седница, поради пристигната уште пријава по пошта од уште еден кандидат, и потреба да биде разгледана од Комисијата за избор.

Изборот на директор, како што информираат, ќе биде дополнително закажан.

Пристигнатата пријава по пошта е од судијата Ангел Димовски.

Со тоа во трка за директор на Академијата се четворица кандидати. Покрај Ангелов и доскорешниот директор Наташа Габер-Демјановска, пријави поднеле и судиите Емилија Шопар-Јованова и Ненад Савески. 

07.12.2022 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега