ИНФОГРАФИК: Како се движеше инфлацијата годинава

 

Инфлациајта за ноември е 19,5 отсто, покажуваат податоците на Државната статистика.

Најголемо поскапување има кај храната и тоа за 29 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, лебот и житариците поскапеле за 30, месото за 40,5, а млекото, сирењето и јајцата за 38,3 проценти. Поскапување се бележи кај сите прехранбени производи

Поскапување од 3,1 процент се бележи и кај облеката и обувките, а за 19,5 отсто поскапо е домувањето и сметките за вода, струја, гас и други горива.

Кај транспортот пак, Статистика бележи пораст на цените од 15,3 проценти.

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во ноември изнесувале 51.714 денари и се за 200 денари зголемени во однос на октомври, а за 1.490 денари во споредба со септември.

Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, за храна во ноември биле потребни минимум 19.518 денари, а за режиски трошоци 12.983 денари што е повеќе од половина од синдикалната минимална кошничка.

Останатите средства, односно 3.668 денари се минимум потребни за превоз, 2.986 денари за хигиена и 2.250 денари за облека или обувки. За културни активности, според синдикалната минимална кошничка, остануваат 1.067 денари, а за здравствени услуги само 799 денари. 

07.12.2022 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега