Милков: Првпат заеднички ќе го чествуваме Св. Климент Охридски, за што е заслужна историската комисија
Министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков рече дека заедничката историска комисија има најголеми заслуги што утре неговата земја и Македонија ќе го прослават заеднички делото на Свети Климент Охридски.
– Сакам да одбележам дека за првпат ја празнуваме дејноста на Свети Климент Охридски кој е еден од најпознатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј кои ние ги почитуваме.
Заслугата заеднички да чествуваме некој празник оди кај историската комисија и сакам да ја пофалам работата нејзина затота што придонесува за развојот на нашите односи – рече Милков пред македонско-бугарскиот форум кој ги собра бизнисмените од двете земји.
Бујар Османи истакна дека високо на агендата во разговорите бил говорот на омраза за кој пронашле начин да го спречат.
– Говорот на омраза беше високо на агендата во разговорите помеѓу Бугарија и Македонија. Тоа што го констатираме заеднички е дека најдобреиот начин да се спречи говорот на омраза, доколку доминира позитивниот говор на нашите држави. Јас мислам дека со министерот Милков се видов десетина пати и тоа беше целта, да се гледаме често и да не дозволиме некој друг да ни наметне лоша агенда. Бизнис форумот е токму тоа, да го пополни сериозен простор во нашите односи – рече Османи.
За Милков, изјавата на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов не ја изразува националната позиција на бугарската влада и апелираше да не се концентрира вниманието врз политичари кои имаат екстремни ставови.
– Ќе се радуваме ако медиумите го пренесуваат тоа што го мисли мнозинството на бугарските граѓани и политичари, а не на поединци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа