Македонско-бугарски бизнис форум „До една милијарда и понатаму“
Под покровителство на министрите за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Бујар Османи и Николај Милков, денеска ќе се одржи Бизнис форум во Скопје.
Форумот, како што соопшти МНР, се реализира под мотото „До една милијарда и понатаму“, во знакот на проекцијата од една милијарда евра трговска размена за оваа година меѓу двете земји.
На форумот активно ќе учествуваат над 150 претставници на бизнис заедницата на најголемите компании од двете земји, преставници на стопански комори, како и економски ресорни институции од двете држави.
– Покрај официјалниот дел од програмата, предвидени се и бројни меѓусебни средби на претставниците на бизнисите од Северна Македонија и Бугарија, како и потпишување повеќе меѓусебни бизнис договори, соопшти МНР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа