Ковачевски по најавата за американски тим кој ќе истражува корупција: Делам ист став и визија како и амбасадорката Агелер

 

-Имам ист став, иста визија и иста цел како што има и американската амбасадорка во Скопје, амерканската амбасада и американската администрација во делот на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Неколку дена пред тоа имав разговор со помошникот секретар во Министерството за финансии на САД на кој разговараме токму за вакви теми и стратешкиот дијалог кој го имаме со САД особено во делот на владеењето на правото претставува и активности кои се конкретни, а една од тие активности е токму оваа активност којашто денеска ја најави американската амбасадорка, а тоа е присуството на тим на САД којшто се занимава токму со овие прашања, рече Ковачевски.

Вели дека наредната недела ќе разговараат со претставници на САД за добивање експертска помош во делот на борбата против корупцијата.

Прашан дали овој потег на Вашингтон значи дека институциите се неспособни да се справат со корупцијата, Ковачевски дека тие ја извршувале својата функција.

-Македонските институции апсолутно ја извршуваат својата функција, и тоа сите. Меѓутоа, секогаш постои простор и можност за унапредување на работењето. Секогаш постои простор и можност за унапредување на законската регулатива и сметам дека искуствата кои ги има и ЕУ и САД, како наш стратешки партнер, се добредојдени со цел да можеме да го унапредиме работењето на секоја институција, рече Ковачевски.

Премиерот уверува дека кај него имало политичка волја за борба против криминалот и корупцијата.

 

06.12.2022

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега