Градоначалникот на Арачиново: Во секоја општина има криминални групи

 

Градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибраими, вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 одговори на обвинувањата од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека во Арачиново има криминални групи со кои полицијата соработува.

– Надлежностите на локалната самоуправа се ограничени. Ние како локална власт немаме ингеренции, немаме ниту полициска станица, туку го имаме само регионалниот центар Гази Баба. Полицискиот командир ги нема овие податоци. Конечно, секоја општина има свои проблеми, во секоја општина има такви групи. Но, сепак ние сме заинтересирани да нема такви групи во нашата општина, ниту во другите општини – рече Ибраими.

Тој уверува дека екипите на ЕВН нормално си ја продолжуваат работата и дека немаат никакви проблеми и закани од жителите на оваа општина.

Според Ибраими, енормното зголемување на потрошувачката на струја од оваа општина се должи на пумпите за вода.

– Екипите на ЕВН нормално продолжуваат со работа. Надминати се проблемите што ги имавме. Во однос на управувањето со електричната енергија и заштедата, во нашата општина, поради енормното зголемување на потрошувачката на електрична енергија, тоа е затоа што Арачиново почна да се снабдува со вода, откако пред една година немаше ниту една капка вода – изјави Ибрахими.

05.12.2022 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега