„Сега сум Албанка и на хартија“ - претседателот на Албанија и врачи албанско државјанство на Дуа Липа
– Албанскиот претседател Бајрам Бегај и го врачи уверението за албанско државјанство на познатата пејачка Дуа Липа и порача дека таа е гордост на државата.
„Посебно задоволство ми е што на талентираната и светски позната пејачка ќе ѝ го врачам указот за албанско државјанство. Пред 110 годишнината од прогласувањето независност на Албанија, не им оддаваме чест само на оние кои во минатото придонеле и помогнале во создавањето на албанската држава, туку и на оние кои со својот придонес во сите области го промовираат албанскиот национален идентитет и не прават горди во секој момент, напиша на својот Фејсбук профил Бегај.
Додаде дека Дуа Липа е богатство за музичкиот свет, а во исто време и гордост на Албанија, Косово и на сите подрачја каде што се зборува албанскиот јазик.
Оваа светски позната пејачка со албанско потекло истакна дека е особено среќна што добила државјанство на матичната земја и оти тоа е посебен момент во нејзиниот живот.
-Ова е многу голема чест за мене и моето семејство. Ви благодарам за оваа можност. Сега сум Албанка и на хартија, рекла таа на чинот на врачувањето на државјанството.
Во објава на Инстаграм освен на Бегај му се заблагодарува и на градоначалникот на Тирана Ерион Велиај.
-Ви благодарам претседателе Бегај и градоначалниче Ерион Велиај на ова признание – добив албанско државјанство! Многу сум горда, објави таа на Инстаграм заедно со повеќе фотографии.
Дуа Липа е родена на 22 август 1995 година во Лондон, Обединетото Кралство, во семејство на имигранти од Косово кои ја напуштиле Приштина во 1990-тите години.
Во почетокот на август косовската претседателка Вјоса Османи и ја додели титулата почесна амбасадорка на Косово.
Денеска, на денот на 110-годишнинат од независноста на Албанија ќе одржи концерт на плоштадот Скендербег во центарот на Тирана.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа