Македонија го одбележува Светскиот ден на волонтерство

 

Министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст на Македонија денеска ќе го одбележат 5 Декември - Светскиот ден на волонтерството.

Според најавите, МТСП ќе додели награди за волонтерство, а Црвениот крст на РМ ќе додели волонтерски награди за посебни достигнувања. Волонтерите, пак, ќе зборуваат за своите искуства и од придобивките од волонтирањето. 

На настанот кој ќе се одржи во Музејот на македонската борба, свое обраќање ќе има министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. 

05.12.2013 - 09:07
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега