Бектеши најави нови мерки за стопанството во наредните денови
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави дека веќе се дизајнирани нови, дополнителни мерки за помош на стопанството и тие најверојатно ќе бидат соопштени во наредните денови.
На мерките, нагласи Бектеши, се работело заедно со стопанските комори.
-Се соочуваме со енергетска и економска криза. Секојдневно институциите се подготвени да им излезат во пресрет на потребите на компаниите, направивме за производителите на основните прехранбени производи, работиме на нови мерки, веќе се дизајнирани новите мерки со цел да му помогнеме повеќе на стопанството и најверојатно во наредните денови, заедно со стопанските комори, ќе излеземе со мерки каде ќе им излеземе дополнително во пресрет, имајќи ги предвид подготовките што сме ги направиле во делот на производство на електрична енергија, во делот на контактите што ги имаме со странство и не само граѓаните да бидат снабдувани непречено, така ќе бидат снабдувани и стопанството со цени кои ќе бидат конкурентни не само во регионот туку и на европско ниво, изјави Бектеши пред почетокот на бизнис настанот SUBEX- Suppliers Balkan Expo.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа