Берово до петок ќе биде без вода
Како што информираат од јавното претпријатие за комунални работи „Услуга“ од денеска до петок попладне ќе го прекине водоснабдувањето на Берово.
До прекинот дошло поради реконструкција на влезната водоводна инсталација во филтер станицата стои во соопшетнието на претпријателијетот „Услуга“’.
- Денеска и во текот на наредните два дена ќе бидат заменети дотраените и застарени вентили и цевки за да се избегнат дефекти и прекини во водоснабдувањето на Берово и населбите во зимскиот период.
Потрошувачите навремено се известени да ги обезбедат неопходните количини вода за до петок попладне, кога се очекува да заврши реконструкцијата и да се нормализира водоснабдувањето
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа