Канческа-Милевска: Министерството за култура не е нарачател и поставувач на споменици

 

Министерката за култура Канческа-Милевска денеска изјави дека одлуката за ставање споменик на српскиот цар Душан пред Уставниот суд на Република Македонија не е на Министерството за култура.

- Министерството за култура ниту е нарачател, ниту поставувач ниту, пак,  има ингеренции за изградба на споменици. Иницијативата не е доставена од Министерството. Се работи за споменици на мостот и оној кој го реализирал мостот и е инвеститор, таму треба да се обратите, рече  министерката одговарајќи на новинарско прашање и додаде дека Министерство за култура е инвеститор и ги реализирал проектите Стар театар, Музеј на македонска борба, концертната сала за Филхармонијата, Спомен-куќата на Мајка Тереза, Театарот во Велес, Спомен-куќата на Тоше Проески и поставувањето на 35 скулптури во центарот на градот, вклучувајќи го и објектот „Порта Македонија“, а за друго немаат ингеренции.

04.12.2013 - 14:23
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега