Ставревски: Бизнис форумите се одлична можност за привлекување инвеститори

 

Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека бизнис-форумите во Париз и Лондон привлекуваат поголем број бизнисмени и потенцијални инвеститори кои што имаат можност да слушнат за можностите за инвестирање во Република Македонија. Како што јавува МИА, Ставревски посочува дека на овие форуми се присутни и претставници на Европската банка за обнова и развој, на реномирани финансиски институции кои, како што рече, исто така ја потврдуваат бизнис климата во Македонија, односно ги повикуваат инвеститорите да ја разгледаат Македонија како потенцијална дестинација за нивните идни инвестиции.

- Верувам дека ваквата комбинација, се она што ние можеме да го кажеме и понудиме, а тоа се најниски даноци во Европа, вкупниот добар бизнис амбиент потврден преку одличното место во рамките на Дуинг бизнис што го има Македонија, добрата инфраструктура и квалитетната работна сила е комбинација која што наидува на голем интерес кај компаниите во Лондон, а верувам и во Париз, истакна Ставрески.

Бизнис форумот во Париз ќе се одржи вечер, а пред француските бизнисмени ќе се обрати премиерот Никола Груевски.

04.12.2013 - 12:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега