Македонија забранува увоз на ГМО храна
На завршната конференција на „Влијанието на генетски модифицираната храна врз младите луѓе“ во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА како дел од проектот COHEIRS „Граѓански набљудувачи за здравства и животна средина: Иницијатива за одговорност и одржливост”, во Скопје, главна препорака на конференцијата е Македонија да не увезува ГМО храна а и редовно да се тестираат семињата и семенските материјали кои се увезуваат, но ако се дозволи увоз на ГМО храна, истата да биде видливо обележана на надворешното пакување.
Зоран Илиевски директор на коалицијата СЕГА ги презентираше препораките од досегашните панел дискусии кои се во насока на поголема контрола врз храната и суровините кои се увезуваат.
- Со овие дискусии сакавме на јавноста да и ја зголемиме свесноста за користењето на ГМО храната, како и да ги пренесеме различните мислења поврзани со оваа тема. Препораките кои ги искажавме на оваа конференција јасно укажува дека јавноста не сака да конзумира и ГМО храната да биде дел од нивната исхрана. Потребна е и поголема контрола врз сите прозиводи и храна која се увезува, со цел јавноста да биде заштитена од несакани последици, рече Илиевски.
Целта на овие панел дискусии организирани во Скопје, Прилеп, Битола и Свети Николе е јавноста подетално и поопширно да се запознае со генетски модифицирана храна (ГМО), потоа да се појаснат поимите поврзани со ГМО храната.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа