Жената која се обиде да го запали судот во Велес сега истури кофа со измет
Марија П. која и е позната на јавноста како жената која пред извесен период се обиде да го запали судот во Велес, денеска истури цела кофа со човечки и измет во ходникот. Како што јавува Дума.мк, 47-годишната велешанка од Башино село ја истурила кофата веднаш штом судската полиција ја отворила влезната врата на институцијата.
Откако го направила делото, велешанката се обидела да избега, но била спречена во намерата.
По случката судот го затвори главниот и во зградата сеуште се влегува преку спореден влез. Повикано е лице од одделението за комунална хигиена на градското комунално претпријатие кое треба да го исчисти влезот во зградата на судот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа