Нема чекање во долги колони - ЕВН ги промовираше услугите во Битола и Тетово

 

ЕВН Македонија продолжува со алтернативната промоција на услугите е – фактура и траен налог за корисниците во Битола и Тетово. Следните две недели на посебно определен простор пред наплатниот пункт корисниците можат да се пријават за овие услуги, без да чекаат ред во банка или во приемна канцеларија. Процедурата на пријавување во банките за потпишаниот траен налог и евидентирањето на корисниците за услугата е – фактура го организира ЕВН Македонија.

 Со користењето на овие услуги се избегнува доцнењето на плаќањето на фактурите за потрошена електрична енергија и евентуалните камати и други законски мерки кои произлегуваат од ненавременото плаќање на фактурите. Промоциите на новите услуги ЕВН ги почна на средината на октомври во Скопје, а целта е тие да им станат лесно достапни на граѓаните.

 Покрај услугата е – фактура и траен налог, граѓаните може да ја користат и услугата  „Говорно сандаче“, преку која со повикување на телефонскиот број  089 089 089 може да се добие информација за висината на последната сметка за потрошена електрична енергија и вкупниот долг.  

03.12.2013 - 15:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега