Ристоски: Со СМС пораките до подобра комуникација меѓу наставниците и родителите

 

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, денеска истакна дека СМС пораките во комуникацијата помеѓу професорите и родителите претставува алатка за навремена и брза реакција и зголемено присуство на родителите во училиштата.

- Суштината на СМС известувањата е во насока да се обезбеди побрза и навремена информација кај самиот родител врз основа на продукција на информација од внесување на податоците во електронскиот дневник. Основната идеја не е да се изгуби комуникацијата помеѓу родител-наставник, напротив СМС известувањата треба да бидат мотивација за поголем дел од родителите доколку забележат промена во успехот, воспитанието, или однесувањето кај нивните деца веднаш да реагираат и да отидат во училиште, изјави Ристовски.

РИстовски потенцираше дека а почетокот од воведувањето на оваа можност 143.000 родители се пријавиле да ја користат, а сега, по само три недели, за да добиваат извесување преку СМС пораки се пријавени вкупно 188.000 родители. 

03.12.2013 - 15:05
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега