ФОТО: Груевски интересен за најреномираните светски медиуми

 

Шефот на македонската Влада, Никола Груевски, е интересен за светски познатите медиуми. Досега премиерот даде интервјуа за влијателни светски медиуми како CNN, CCTV, Forbes и други кои се интересираат за неговите посети и политиката на македонската Влада.

Последното интервју кое го даде македонскиот премиер, како што пренесе Курир, е за  американската CNN, во кое новинарот Макс Фостер го прашуваше Груевски за напорите на Владата, инвестициите, и секако евроинтеграциите. Исто така, неодамна премиерот Груевски даде интервју и за CCTV на англиски јазик, најголемата и најгледана кинеска телевизија која емитува вести на сите континенти и има повеќе од 70 меѓународни претставништва, додека претходно Груевски даде уште едно интервју за CCTV при неговата посета на Кина за еден од најпознатите кинески новинари.

Премиерот даде интервју и за Форбс, како и Фајненшл Тајмс.

03.12.2013 - 14:31
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега