Изведени први интервенции на периферни артерии на нозе во „Свети Стефан“ во Охрид

 

Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ во Охрид изведе  седум интервенции на периферни артерии на нозе, специјална техника на отворање на хронични тотални оклузии на долги сегменти на надколената и потколената артерија на ногата.

- Станува збор за процедури кои ќе бидат нова ера во развојот на интеревентната кардиологија, не само во Охрид, туку и во Македонија, со оглед на тоа што најголем дел од овие интервенции во минатото завршуваа со бај-пас операции на нозе, а еден дел од случаите кои не беа решливи со операција, за жал, беа подложени на ампутација на долниот екстремитет. Со овие техники ќе им се овозможи на голем дел од пациентите кои претходно беа испраќани на бај-пас операции, да завршуваат само со интервентна медицина и со поставување на стент, појасни  д-р Никола Бакрачески кој самиот ги спроведе интервенциите.

Во состав на медицинската екипа што ги вршеше првите интервентни зафати беше и интервентниот ангиолог Адриасиан Уруоглу од позната австриска клиника „Парацелзиус медикал универзити“ од Салцбург.

03.12.2013 - 11:46
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега