„Ние сме исто, мојот свет и твојот свет е наш свет“ - Светски ден на лицата со хендикеп

 

„Сакам да пеам можам да пеам - сакам да свирам можам да свирам и сакам да играм можам да играм“. Под ова мото вечерва во Универзалната сала во Скопје ќе биде одржан традионалниот хуманитарен концерт „Аплаузи“, со кој ќе биде одбележан Светскиот ден на лицата со хендикеп - 3 декември, кој е во организација на хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ во партнерство со Универзална сала. Покровител на концертот е Маја Иванова, сопругата на претседателот Ѓорге Иванов.

Претседателот на Здружението „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ Зорана Костовска на прес-конференција информира дека покрај децата од специјалните установи ќе настапат и познати музички имиња, а концертот ќе го отвори почесниот претседател на здружението Есма Реџепова.

- Пораката на оваа манифестација не е само да се одбележи денот и да се направи некаква донација, туку да се подигне нивото кај сите граѓани со пораката „Ние сме исто, мојот свет и твојот свет е наш свет“, рече Костовска.

Со музички настапи и перформанси ќе настапат  деца од посебното основно училиште „Златан Сремац“, Домот за деца без родители „11 Октомври“, државен училишен центар за образование и рехабилитација „Партение Зографски“, специјалното училиште за деца со оштетен вид  „Димитар Влахов“, специјалниот завод за деца и младинци „Иднина“, органзиацијата за лица со хендикеп „Мобилност“, Завод за рехабилитација за деца и младинци и специјалниот завод „Демир Капија“.

Цената на билетот е 100 денари. Средствата ќе бидат наменети за децата со посебни потреби.

03.12.2013 - 09:44
Фото: 
македенес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега