Арсовска: Нема да поднесам оставка - ВМРО-ДПМНЕ се виновни што нема автобуси
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не смета дека треба да си поднесе оставка, откако главниот град денеска за првпат во својата историја остана без јавен превоз.
По новинарско прашање од СДК.мк до Арсовска за тоа дали ќе си поднесе оставка од фунцкијата бидејќи граѓаните останаа без автобуси, таа вината ја префрли кон партијата со чија поддршка победи на локалните избори минатата година – ВМРО-ДПМНЕ.
„Оставка треба да си поднесат одговорните за управување со ЈСП, односно Управниот одбор на претпријатието изгласан од ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Арсовска.
20.10.2022 - 10:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа