Бектеши: Конкурентна фиксна цена на струјата за прехранбената индустрија од 1 декември

 

 Производителите на прехранбени продукти од 1 декември ќе имаат најконкурентна фиксна цена за струјата, уште пониска од тоа што го добиваат малите потрошувачи, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Бектеши не кажа колкава ќе биде таа фиксна цена. Рече дека ќе биде соопштена кога за тоа ќе се донесе одлука на Владата.

-За цената ќе бидете известени кога ќе се донесе одлуката од страна на Владата, а ќе биде  најконкурентна и уште пониска од тоа што го добиваат малите потрошувачи, истакна министерот.

Според него, околу 150 компании, главно производители на млеко и млечни производи, леб и други основни прехранбени продукти од 1 декември ќе имаат фиксна цена за електричната енергија.

Истото, дополни Бектеши, важи и за основните и средните училишта, како и за мерните станици на водните пумпи и за пречистителните станици.

-Денеска имав состанок со Стопанската комора. Тие ги знаат сите мерки што се дизајнирани. Најважно од се е дека стопанството ќе има предвидливост. Мерките ќе ги дознаете во моментот кога ќе се усвојат зашто не значи дека ќе се усвојат така како што се дизајнирани од Министерството за економија. Мерките се носат во разговори со сите комори и со сите засегнати страни, подвлече Бектеши.

19.10.2022 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега