За сирење и кашкавал ќе треба да си одвоиме повеќе пари – зголемување на млечните производи за 20%
И натаму ќе растат цените на млечните производи, поради намаленото производство на млекото во државата, скапите енергенси, ама и поскапаа работна рака.
Најавено е поскапување од дури 20 проценти до крајот на годината, пренесува „Фактор.мк“.
Од Млекара АД Тетово, за порталот изјавиле дека имало се’ помалку квалификувани работници кои достигнуваат до 70 проценти од европските плати.
Така да, во следниот период ако сакаме да јадеме кашкавал и млеко, ќе треба да одвоиме повеќе пари од нашите месечни примања за обезбедување на овие млечни производи.
14.10.2022 - 09:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа