Внимавајте: Македонската полиција со нови радари ќе ги лови брзите возачи
Нов ласерски радар користеле полицајците од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај - Тетово при контролите на брзината со која се движат возилата во градот и на регионалниот пат Тетово-Волковија, во Брвеница во изминатиот викенд, информира портпаролот на СВР - Тетово Марјан Јосифовски.
- При саботните неколкучасовни контроли во Брвеница биле констатирани пет пречекорувања на дозволената брзина и три други прекршоци, како управување без возачка дозвола, управување со дозвола од друго лице и непоседување дозвола. Утврдените прекршоци биле заокружени со соодветни поднесоци и возачите, ќе се соочат со глоба од 300 до 400 евра во денарска вредност зависно од видот и карактерот на прекршокот. Во петокот ваква контрола била извршена и во Тетово на пункт во близина на Медицинска пластика, при што биле откриени осум случаи на пребрзо возење од поединци, кои не ја прилагодиле брзината според условите на патот и не ги почитувале постоечките ограничувања, рече Јосифовски.
Новиот радар, најави тој, активно ќе „работи“ и наредните денови не само на градските улици во Тетово, туку и на регионалните сообраќајници на подрачјето, бидејќи според полициските статистики пребрзото возење и годинава е една од најчестите причини за сообраќајни несреќи со најтешки последици заедно со неправилно вршење дејствие, непрописно престигнување, непочитување првенство
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа