ВРЕМЕ: Од среда Македонија под мраз

 

Во вторник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди особено попладне и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -4°С до 3°С, а максималните дневни температури ќе достигнат до 2°С односно до 9°С, пишува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all

Во среда во утринските часови ќе има појава на магла и умерен мраз, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од -7°С до 0°С, а максималните дневни температури ќе се движат од 3°С до 10°С.

02.12.2013 - 12:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега