Од утре започнуваат работните обврски на социјално загрозените лица кои добија работа
Социјално загрозените лица кои добија вработување со помош на мерките на македонската Влада, од утре и официјално започнуваат со работа. Се работи за 1600 лица од социјално ранливи категории, кои добија работа. Нивните работни обврски ќе започнат утре во ученичкиот дом „Здравко Цветковски“ - Скопје.
Инаку, за денеска е предвидено министерот за образование и наука , Спиро Ристовски, да го посети ученичкиот дом.
За потсетување, вработените лица пред околу две недели ги потпишаа договорите за работа.
02.12.2013 - 10:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа