Оглас за вработување млади лица приматели на социјална парична помош

 

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, денеска информираше дека е објавен оглас за субвенционирање за вработување на невработени млади лица до 29 години кои се корисници на социјална парична помош.

-Ова е прва од ваков вид Програма што ќе ја спроведуваат Министерството за труд и социјална политика, центрите за социјална работа и Агенција за вработување на Република Македонија. Со неа се промовира вработувањето на младите луѓе во рамки  на Проектот „Условен паричен надоместок”, кој се реализира со поддршка на Светска банка, соопшти министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Министерот Спасов потенцира дека приоритет ќе им се даде на младите корисници  на социјална парична помош на возраст до 29 години кои се регистрирани како активни баратели на работа во Агенцијата за вработување на Република Македонија и појасни дека Министерството за труд и социјала ќе обезбеди субвенции за плати за период од шест месеци, со обврзување за работодавачите овие лица да ги задржат во работен однос уште дополнителни шест месеци.

-Потенцијалните корисници на субвенционирано вработување со оваа програма, се членови на домаќинства корисници на социјална парична помош, регистрирани како невработени лица, активни баратели на работа. Субвенција согласно со оваа програма ќе може да се користи по поднесено барање од работодавач до Агенцијата, односно оние работодавачи кои ќе аплицираат на јавниот оглас, рече министерот за труд и социјална политика.

Огласот ќе трае до 20 декември, а за реализација се одвоени 12 милиони и 750 илјади денари за вработување на 125 млади лица.

30.11.2013 - 13:15
Фото: 
Региони.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега