ВИДЕО: Бебето-панда од зоолошката во Виена го доби името „Среќен леопард“
Бебето-панда што се роди во август во Зоолошката градина во Виена го доби името Фу Бао, што во превод од кинески значи „Среќен леопард“.
Според кинеската традиција, Зоолошката градина чекеше 100 дена за да му даде име на „новороденчето“.
По Фу Лонг (Среќен змеј) во 2007 година и Фу Ху (Среќен тигар) во 2010 година, Фу Бао е трета панда која дојде на свет во Зоолошката градина во главниот град на Австрија.
Раѓањето на панда зачната по природен пат во заточеништво е многу ретка појава, па многу почесто зоолошките градини се одлучуваат за вештачко оплодување на пандите. Дополнителен проблем е и тоа што женките-панди се плодни само два или три дена во годината.
Мала тримесечна виенска панда е долга 60 сантиметри, а тешка околу шест килограми.
Фу Бао, како и неговите браќа би требало да ја напуштат Зоолошката градина во Виена на две години, а потоа вратени во Кина, која е сопственик на сите панди зачнати во зоолошки градина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа