Утре ќе се разбудиме на минус девет степени
Времето утре во Македонија ќе биде стабилно и суво. Во претпладневните часови во поголемиот дел од земјава повторно ќе има ниска облачност и појава на слаба магла по одделни котлини и по речни долини. Околу пладне и во попладневните часови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, а на повисоките места и на планините умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од два до 10 степени.
Во Скопје во попладневните часови облачноста постепено ќе се намалува. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до шест степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа