Ем наше ем најдобро - македонските вина апсолутни победници на Словенечкиот вински фестивал

 

Македонските винарии Тиквеш, Сковин, Стоби, Далвина, Камник, Бовин и Пивка, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се претставија на годинашниот Словенечки вински фестивал во Љубљана, каде се собраа сите најважни и најголеми увозници и дистрибутери на вино во земјата, сомелиери, вински витези и критичари за вино...

Македонските винарии ги добија најголемите признанија во конкуренција на 400 вина од целиот Балкан отако беа прогласени за хит на Фестивалот. Винарската визба Бовин освои титула за „најдобро вино“, и златен медал во категоријата црвени вина. Второ и трето место во истата категорија освои винаријата Камник со Шато камник, Мерло 2010 и Шато Камник каберне совињон резерва. Во оваа категорија првите девет места им припаднаа на македонски црвени вина.

Ова е прв пат на овој фестивал првите три вина да бидат од една земја.

 

28.11.2013 - 13:53
Фото: 
засе.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега