„Капка крв спасува живот“ - вработените во УЈП донираа крв
„Капка крв спасува живот“. Под ова мото денеска вработените во Управата за јавни приходи организираа крводарителска акција, со која на 19 пункта низ Македонија, крв ќе даруваат 136 даночници.
- Дарувањето крв претставува привилегија на здравите и надеж за болните. Токму затоа и поттикнати од нашата желба да помогнеме, да покажеме поинаква одговорност кон општеството, велат вработени од УЈП.
Оваа акција УЈП ја органзиира втора година по ред по повод Денот на даночниците - 29 ноември.
28.11.2013 - 13:18
Фото:
сител.ком.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа