На гласање ќе оставаме отпечаток од прст?

 

Граѓаните на изборите со гласачкото ливче ќе треба да оставаат отпечаток од прст за да се отстранат какви било манипулации при гласањето, пишува весникот„Дневник“, повикувајќи се на свои извори во Министерството за правда. Според весникот, ова е една од измените на Изборниот законик подготвени од работната група при Министерството.

 

Според информации на „Дневник“, измените ќе донесат повеќе промени - зголемување на цензусот од 2 на 25 проценти од пријавени гласачи при избор на пратеник од дијаспората, поголемиот дел од Дебар од Шестата ќе се префрла во Петтата изборна единица, и во време на изборна кампања и градоначалниците нема да смеат да поставуваат камен - темелници или да сечат ленти. 

Како што објавува весникот, министерот за правда Блерим Беџети, денеска ќе има состанок со претставници на четирите најголеми партии, на ОБСЕ и на ДИK во Kлубот на пратениците, на кој ќе се разгледува Драфт - верзијата на Изборниот законик.

28.11.2013 - 11:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега