СВР Скопје ќе го спречува насилството во автобусите на ЈСП
Во Општина Кисела Вода денеска ќе биде презентиран пилот проектот „Спречување на нарушувања на јавниот ред и мир во автобусите на градскиот превоз“, кој е наменет за скопските средношколци.
Проектот, чиј фокус е ставен врз спречување на насилството во јавниот превоз и автобуските постојки, ќе го реализира Одделението за превенција при СВР Скопје.
На промоцијата ќе присуствуваат министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, градоначалникот на Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ, амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ Ралф Брет и директорот на ЈСП Мишо Николов
28.11.2013 - 08:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа