Укината забраната за тешки товарни возила на Тетово-Попова Шапка
Забраната за тешки товарни возила на патниот правец Тетово-Попова Шапка е укината денеска во 13:40 часот, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во државата се одвива по местимично влажни коловози. На повисоките и осојничави места поради ниските температури можни се подмрзнувања на коловозот.
27.11.2013 - 15:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа